Бројни митови, легенди, песни и поеми прикажувајки ја неизмерната виталност, љубов и добросостојба меѓу луѓето можат да се пронајдат во литературата и уметноста на Кина, а кои се поврзани со Реиши медицинската габа, како симбол за таа состојба.
И денес сеуште се користат овие идиоми на пораки и желби за благосостојба, како “Ji Xiang Ru Yi” (добра среќа и радост),”Ci Fu Jia Xiang”(да сте благословени и среќни),”Zeng Tian Shou Kao” ( да сте благословени и да имате долг живот), “Guo Tai Ming An” ( просперитет во земјата и живот во мир).
Големиот мурал од династијата Минг (1368–1644), Почит кон кралот (Making Tribute to the King во Шанкси (Shanxi), експресија на дворската дама која држи во раката Реиши, како подарок кој како ритуал претставувал почит кон моќта и времето.(сл.3)
За Кинезите, Реиши – Лингзи (Lingzhi) и неговите изведби, Руи- литературно, како една желба, (Ruyi), претставува симбол за среќа, богатство, долг живот, мир и просперитет.(сл.4)
Симболите на Реиши печурките и облаците на среќата (fortunate clouds) и нивните симболски изведби, можат да се видат и на многу локации, згради, храмови, везови, склуптури и други археолошки реликвии. Како најпозната Кинеска склуптура која ја симболизира моќноста на Реиши габата е столбот кој се наоѓа на Тиананмен поштадот во Пекинг (Tiannanmen Square) (1415 год.), каде што се претставени ,,облаците на среќата,,(Fortunate clouds) од реиши габата (сл.5)
Здрав имунолошки систем е основниот предуслов за добро здравје на човекот, долг и квалитетен живот
Имунитет или имунолошки систем претставува одбрамбен механизам на нашиот организам, кој има улога да го заштити организмот од најразлични страни тела кој го напаѓаат,како што се: бактерии, вируси, микроорганизми, паразити и гливични инфекции кој претставуваат закана по нашето здравје. Здрав и силен имунолошки систем не дозволува таложење на токсини во организмот и истите редовно ги исфрла надвор од организмот и ја контролира базноста на телото.
Најголем непријател на имунолошкиот систем се слободните радикали. Слободните радикали ги оштетуваат здравите клетки и ги мутираат, како последица може да се појават на разни заболувања.
Слободни радикали – Многу нестабилни молекули или атоми кој во надворешната орбита имаат еден или повеќе неспарени електрони. Нивните неспарени електрони предизвикуваат одземање или давање на електрони на другите молекули и тоа ги прави високо реактивни. Во организмот имат важна улога бидејки се произведуваат во нормалните физиолошки процеси, како што се процесите за добивање на енергија во клетките во кој доаѓа до реакција на глукозата со кислородот,како би се добила енергија во митохондрите.
Стареењето на кожата е природен процес, кој зависи од временскиот период, генетиката, хормоналниот статус и надворешните услови, како што се кумулативното влијание на UV зрачењето, загадувањето, изложеноста на хемиски средства , алкохолот, пушењето, стресот и неадекватната исхрана каде слободните радикали играат значајна улога бидејки доведуваат до намалување на еластичноста и епидермалната дебелина на кожата. Овој наведен пример е последица од оксидативен стрес.
Оксидативниот стрес е состојба на прекумерно стварање на слободни кислородни радикали, при што доаѓа до губење на равнотежата во стварање на слободни радикали и можноста на разградба во клетките.Последица на оваа нарушена равнотежа се поврзани со оштетување на клетките и невозможноста на истите успешно да ги уништат слободните радикали предизвикува оксидативен стрес, кој може да ги оштети биолошките макромолекули, што предизвикува промена во структурата и функцијата на клетките, ткивата т.е. органите. Оксидативниот стрес игра значајна улога во развојот на диабетесот, мултипле склероза, кардиоваскуларни и инфективни болести, карцином,го забрзува процесот на стареење и други болести на денешницата, како што се автоимуните болести.
повеќе на Продимед