, , ,

Кога срцето чука со неправилен ритам…

Срцето е изградено од две преткомори, две комори, валвуларен апарат како и спроводен систем за електрични импулси.
Во зависност од тоа каде настанува пореметувањето на спроводниот електричен импулс или појава на ектопично жариште ( место каде што се ствараат нови електрични импулси ), аритмијата е поделена на преткоморна или коморна, односно суправентрикуларна или вентрикуларна аритмија.

Со настанување на аритмијата доаѓа до пореметување на спроводниот систем, до појава на пореметување на работата на срцето, на неговата фреквенција, појава на екстрасистоли, аритмии, тахикардии, брадикардии, блокови од различен степен и фибрилации.

Аритмија значи неправилна срцева работа, а обично вклучува неправилност во фреквенцијата и редоследот на откуцаите што може јасно да се види на електрокардиограм ( ЕКГ ). Срце кое што работи во аритмија не ја обавува својата функција во потполност со што му штети на организамот, а освен тоа се оштетува и самото срце при што може да дојде и до озбилни оштетувања на срцевиот мускул, а ова да ја влоши веќе постоечката аритмија.

Аритмиите морфолошки настануваат заради ненормално стварање или спроведување на импулсите. Може да се јават и кај здраво срце тн. ектопични удари, атријска фибрилација, вентрикуларна или суправентрикуларна аритмија, затоа што можат да бидат предизвикани и од психолошки фактори, болести или некои лекови.
Нормалната фреквенција ( удари на срцето во минута ) изнесува од 60 до 80. Тахикардија представува фреквенција поголема од 100/мин., а брадикардија фреквенција помала од 50 мин.
Тахикардијата може да се јави и кај здрав организам при вознемиреност, телесен напор или во состојби на инфекција, покачени вредности на хормоните на штитна жлезда или покачена температура. Брадикардијата нормално се појавува за време на спиењето. Најчесто болести кои ја предизвикуваат аритмијата се акутен инфаркт на срцето 80 % и ангина пекторис или некое друго оштетување на срцевото ткиво. Во суштина било какво оштетување на срцевото ткиво или промени во составот на електролитите на срцето може да предизвикаат промени на срцевиот ритам.
Хипертиреоза, хипотиреоза, хипоадреналинизам, хиперкалиемија, хипокалиемија и други електролитски пореметувања ќе предизвикаат аритмија или ја влошат истата. Исто така аритмија може да предизвика и анестезијата, а 25 % од пациентите кои што земаат гликозиди во терапијата имаат аритмија. Некои лекови како што се гликозидите, симпатолитиците или парасимпатомиметиците можат да ја променат брзината на работата на срцето или да предизвикаат некој вид на аритмија, без разлика на тоа дали директно делуваат на срцевото ткиво па се причинители за аритмија или пак преку нервниот систем.
Преткоморната аритмија е најчест облик на пореметување на работата на срцето. Се јавува, кога во преткомората од повеке причини настанало испуштање на електрични импулси кои што предизвикуваат неправилна брза работа на преткоморите која што може да биде пратена со нормална фреквенција на коморите или пак со нивна аритмија. тн. апсолутна аритмија кога и предкоморите и коморите работат неправилно. Преткоморите со својата контракција ги полнат коморите а коморите со својата контракција ја исфрлаат крвта од срцето во крвните садови низ целото тело. Кога постои неправилна работа на преткоморите, тогаш полнењето на коморите е пореметено за 20-30 % што значи е намалена ефикасноста на срцето како пумпа.
Најчесто причинители за овој вид на аритмија се морфолошките промени на срцевиот зид.
До токсично делување на срцевите клетки, а со тоа и до појава на овој тип на аритмија придонесуваат и алкохолот, никотинот, кофеинот, стресот, некои лекови, хипертензијата, покачени вредности на хормноните на штитната жлезда, коронарна болест, дисфункција на надбубрежната жлезда.
Коморна фибрилација ( треперење на коморите ) е најозбилна срцева аритмија која што доведува до смрт. Овде, во комората постојат повеке жаришта кои што исфрлаат струја која што ги контрахира срцевите мускули во хаотичен ритам, поточно предизвикува треперење на срцевиот мускул со хаотичен распоред.
Во колку не се реагира во најкратко време претставува животно загрозувачка состојба, поточно скоро секогаш е смртоносна. Најчеста причина е акутниот инфаркт на срцето. Наглата смрт при инфаркт на срце е заради настанување на вентрикуларната фибрилација. При фибрилација на коморите не доаѓа до исфрлање на крвта од срцето, срцето не испумпува крв, неговата работа е рамна на нула. Значи срцето работи, но ефикасноста негова е како да не работи. По 4-5 секунди настанува прекинување на доток на крв во мозокот, при што доаѓа до несвесна состојба, а понеколку минути и смрт.
Единствена метода за прекинување на вентрикуларната ( коморна ) фибрилација е електроконверзија, електрична дефибрилација, пуштање на струја низ градниот кош. ПоминуваЊето на јака струја низ градниот кош предизвикува гасење на сите гореспоменати ектопични жаришта при што настанува мирување на срцето од 3-5 секунди, а потоа негово враќање во нормален СА ритам, но за жал не секогаш.
Понекогаш може да дојде и до појава на предвремена контракција, надвор од редоследот на срцевиот ритам.
Овие прекубројни контракции се така наречени екстрасистоли. Во зависност од тоа дали потекнуваат од коморите или од преткоморите, поделени се на коморни и предкоморни. И овде постојат ектопични подрачја, жаришта кои што исфрлаат електрични импулси кои што се појаки од нормалните срцеви и предизвикуваат прескокнувања. Во овој случај неопходно е да се направи кардиолошки преглед за да се исклучи причината за појава на овој тип на пореметен ритам. Најчести причини за појава на екстрасистолите се лекови и отрови, кофеин, никотин, замор и емотивна надразливост, дебелина, како и во најлош случај исхемијска болест на срцето.
Други типови на промени во елетроспроводливоста во срцето се и појавата на  АВ блокови од прв, втор, трет степен, пароксизмална тахикардија или постоење на WPW синдром ( Wolf Parkinson White-ов синдром ) или таканаречен синдром на преексцитација кој што се карактеризира со повремени напади на аритмија, најчесто појава на суправцентрикуалрна тахикардија или фибрилација на преткоморите.
Многу е важно на време да се направи кардиолошки преглед по можност уште истиот ден, за да се утврди типот на аритмијата и да се даде адекватна терапија, по избор на кардиологот дали тоа би била медикаментозна терапија или електрошок/дефибрилација па до поставување/имплантација и на pacemaker-и.
Терапијата исто така зависи и од типот и озбилноста на аритмијата.
Како превенција неопходни се редовни и навремени прегледи за дијагностицирање и одстранување на постоечките фактори кои што би предизвикале аритмија или прескоци.

Како до самоуверен бакнеж?

Кога срцето чука со неправилен ритам…