,

Мезотерапија

Ефикасна медицинска метода, во која активни супстанции се внесуваат во средниот слој на кожата, познат како Мезо Дерм.

Мезотерапијата е ефикасна медицинска метода, во која активни супстанции се внесуваат во средниот слој на кожата, познат како Мезо Дерм. Мезотерапија потекнува од грчкиот збор мезос, што значи средни, и терапи, од терапија т.е медицински третман. Се применува за тело, лице, врат, деколте, шака, коса. Лицето на кожата станува сјајно, еластично, мазно, се пополнуваат фини брчки, се лекуваат акни, лузни од акни и ожилци. Со мезотерапија на лице можеме да постигнеме:

•     Лесна регенерација, ревитализација , кожата станува сјајна, јадра, еластична и мазна.

•     Длабока биоревитализација за пополнување на фини брчки на лицето, вратот, деколтето, лечење на акни, ожиљци од акни, атропични ожиљци и стрии.

Ние во нашата ординација мезотерапијата ја работиме со дермапен или со иглички , техника Nappage, техника PAPULA, техника TUNELIZACIJA со примена на локална анестезија во вид на крема во зависност од желбата на пациентот.

Со мезотерапијата освен што се внесуваат активни состојки во кожата со самиот процес на ролерот и на иглата се прават микро убоди во кожата т.е механичка стимулација која води до неоколагенеза т.е создавање на нов колаген, еластин итн…

Мезотерапевтските  коктели кои ги користиме се меѓу најквалитетните коктели во светот и делуваат како: антиоксидант, ги неутрализираат слободните радикали и ја фаворизираат синтезата на холаген, ја поттикнуваат циркулацијата, делуваат на сува и опуштена кожа, набрчкана кожа, хронолошко стареење, хидратација на кожата, обновување на клетките,елиминација на длабоки брчки во зависност од тоа што е потребно за кожата на пациентот одбираме и соодветен мезококтел.

Мезококтелите содржат витамини ( B1, B2, B6, B12), витамин H, витамин C, витамин А и фолна киселина. Содржат и аминокиселини,содржат колаген, еластин, хијалуронска киселина , силициум, цинк,магнезиум, салицилна киселина, гликолна киселина и други состојки во зависност од тоа што е потребно на кожата на пациентот.

МЕЗОТЕРАПИЈАТА не се употребува кај луѓе што имаат проблеми со згрутчување на крвта, малигни болести, псоријаза, херпес, активен херпес, отворени посекотини или други болни и осетливи површини.

Артериска хипертензија (висок крвен притисок) и ризик од инфекција со коронавирус COVID-19

Мезотерапија