, ,

ПАЦИЕНТИТЕ СО ХИПЕРТЕНЗИЈА И ДИЈАБЕТЕС ТРЕБА ДА ВНИМАВААТ ШТО КОНЗУМИРААТ ВО ЗИМА

Карактеристично за исхраната во текот на зимате е тоа што луѓето традиционално претходно подготвуваат „зимница“ или храната на поинаков начин се конзервира за подоцнежно конзумирање.

Ваквите навики на луѓето можат да имаат влијание врз нивната здравствена состојба, бидејќи храната може да содржи големи количества на сол (купус, пастрма) или шеќер (мармалади, слатко).

Д-р Жарко Јанковски е специјалист по интерна медицина и кардиологија во „Неуромедика“ и советува внимателно да се бираат продуктите што ќе се најдат на менито.

– Во текот на зимските месеци типично е да се јаде од зимницата, поради што мора да се внимава на внесувањето пресолена храна или пак храна која е содржи големо количество бел (рафиниран) шеќер. Солената храна особено треба да ја избегнуваат лицата кои имаат проблеми со хипертензијата, додека оние кои имаат дијабетес треба генерално да се воздржуваат од храна која е богата со јаглени хидрати, како на пример тестенини и шеќер.

– Редовната хидратација со пиење вода и незасладен чај, како и воздржување од алкохолот спаѓа во генералните препораки, исто како и внесот на витамини преку исхраната, со конзумирање свежо овошје и зеленчук. Рибата како храна е добра од повеќе аспекти и треба да биде дел од трпезата во време на постите, но и надвор од тој период. Оние кои што сепак ќе конзумираат месо, ги советувам да не јадат повеќе од 120 грама, а притоа да избегнуваат сувомеснати производи. На организмот му е потребно време за да ја свари храната, поради што ваквиот оброк не треба да се практикува доцна, па затоа советувам да има 3-4 часа пауза по ваков оброк, особено ако се подготвувате за спиење.

– Во денешно време имам впечаток дека се претерува со диетите, па затоа на оние што сакаат да внимаваат на исхраната во овој зимски период им препорачувам првенствено да го подигнат нивото на физичка активност. Не мора тоа да биде ништо драстично, но пешачењето во времетраење од 45 минути не треба да претставува никаков проблем.

Д-р Жарко Јанковски
Специјалист по интерна медицина и кардиологија

 

Текстот е превзенмен од веб страницата на Неуромедика .

Д-Р ЛИЛЈАНА МИЛОШЕВСКА: БОЖИКНИТЕ ПОСТИ СЕ КОРИСНИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ

ПАЦИЕНТИТЕ СО ХИПЕРТЕНЗИЈА И ДИЈАБЕТЕС ТРЕБА ДА ВНИМАВААТ ШТО КОНЗУМИРААТ ВО ЗИМА