, ,

Rosacea- хронична инфламација на кожата

Розацеата е хронична рецидивирачка прогресивна болест на кожата која се карактеризира со црвенило на делови на лицето(образи, нос, брада).

Се проценува дека од оваа болест оболуваат од 0,5 до 10% од популацијата.

Се уште не e најден стрикtно причинителот на болеста,а пронајдени се фактори кои може да бидат тригер: алкохол, претерана изложенoст на сонце, алергиска реакција на нешто, генетски фактор, интезивно вежбање, емоционален стрес.

Почеста е кај жените и се јавва после триесетата година од животот.

На почетокот на болеста појавата на црвенило е преодно и е поврзано со провоцирачките фактори. Како напредува инфламацијата на лицето е се позачестена придружена со чуство на жарење и пецкање на лицето.

Понекогаш освен црвенилото може да се појават и мозолчиња и оток на кожата.

Rosacea секогаш започнува ненадејно вцрвенување на лицето на образите,челото, брадата, носот. Очите, ушите, градите и грбот исто така подоцна може да бидат зафатени. По некое време започнуваат да се појавуваат нежни крвни садови со мали мозолчиња. Треба да направиме диференцијална дијагноза со акни а тоа е лесно затоа што овде нема присуство на комедони.

Не секој ги развива сите симптоми. Како и да е, ако кожата не ја враќа нормалната боја а промените стануваат се повидливи најдобро е да посетите дерматолог. Ваквата состојба може да трае со години,одвреме навреме целосно да се санира, но без адекватен третман секако ке се влошува. Ваквите пациенти треба да избегнуваат се што може да ја потикне состојбата: топли пијалоци, зачинета храна, кофеин, алкохол, стрес.

Треба максимална заштита од сонце. Бидете под сенка секогаш кога можете,ограничете го движењето на сонце, носете капа и употреба на крем со SPF.

Треба да се избегнуваат екстремно топли и ладни температури.

Пациентите треба да престојуваат почесто на воздух, да не го чешат, тријат или масираат лицето. Да се избегнува козметика и производи за лице кои содржат алкохол.

Розацеата најчесто во почетокот не се препознава како болест но многу е значајно да се препознае заради превземање на први чекори во контролирање на состојбата. Немојте да се самодијагностицирате и да се лекувате на своја рака.

Дерматолозите најчесто препорачуваат антибиотици (метронидазол) и адекватни креми, лосиони, пени, гелови за миење лице.

Кога сме кај третман за розацеата во балканските земји исклучиво ја третираат дерматолозите. Во западноевропските земји, па полека почнувајки и кај нас, розацеата се лекува во соработка со дерматолог и медицински естетичар.

Во DENTAL ESTHETIK CENTAR KARA розацеата успешно ја третираме со добро одбрани третмани.

Прво ако клиентот дојде со хронична инфломација на лицето, должни сме да препознаеме да го препратиме на дерматолог и откако ке добие терапија од дерматолог следуваат нашите третмани.

Еден од третманите е благ хемиски пилинг со Азелаична киселина или Ретиноидна киселин. Никаков друг пилинг не треба да се аплицира.

Друг третман е мезотерапија и микронидлинг кој се состои исклучиво од два коктела: коктел со невмрежана хијалуронска киселина и познатиот коктел за розацеа INNO ESTHETIC REDNESS IP. Во мезококтелите може да додадеме ботокс 10-30 IE ботокс.

Трет третман за розацеата е PRP – или плазма коктелот кој дава многу убави резултати кај овие пациенти, во комбинација со фактори на раст за создавање ново здраво епително ткиво.
Кој било третман може да го одбереме на крај убаво е третманот да се заврши со LED светло 15 минути. Жолто LED светло.

Д-р Марија Караниколова

Започна учебната година, дали имате обезбедено индивидуално осигурување од незгода?

Rosacea- хронична инфламација на кожата