, ,

Што е бенигна хиперплазија на простата?

Трансуретрална ресекција на простата (ТУРП)

Што е бенигна хиперплазија на простата? Објаснува Проф. Др. Владимир Георгиев од One Hospital

Тоа претставува зголемување на простатата кое се јавува кај повозрасни мажи, а е предизвикано од абнормален раст на нормални (неканцерогени) клетки. Иако е бенигна состојба, зголемената простата врши притисок на уретрата и го отежнува поминувањето на урината, што на долг рок може да го оштети мочниот меур и бубрезите.

Што е трансуретрална ресекција на простатата (ТУРП)?

Тоа е минимално инвазивна хируршка интервенција со која се решаваат проблемите со мокрењето кои настануваат поради зголемување на простатата. ТУРП претставува тераписка опција за мажи кои имаат средни до тешки проблеми со мокрењето, а кај кои лековите не се доволно ефикасни. Покрај тоа, има за цел спречување на компликации кои се последица на блокадата на протокот на урина, како зачестени инфекции, оштетување на бубрезите и мочниот меур, губење на контрола врз уринирањето или неможност за уринирање, појава на каменчиња во мочниот меур или крв во урината.

Како се изведува?

Операцијата се изведува во општа анестезија (во тек на операцијата нема да бидете свесни) или спинална анестезија (во тек на операцијата ќе бидете свесни). Можно е да се ординира антибиотик со цел спречување на инфекција. Специјален хируршки инструмент (ресектоскоп) се воведува низ врвот на пенисот и уретрата, до делот на уретрата каде што се наоѓа простатата. Со ресектоскопот се отстрануваат делови на простатата, кои со помош на течност се испираат и се отстрануваат на крај од операцијата.

Опоравување после трансуретрална ресекција на простатата (ТУРП)

По операцијата, болничкиот престој е многу краток, 1-2 дена. Очекувано е да се појави крв во урината (треба да го известите Вашиот доктор доколку се работи за обилно крварење или има присуство на згрутчена крв во урината). Може да чувствувате болка при мокрење или честа и итна потреба за мокрење, симптоми кои што подоцна се повлекуваат. Се препорачува пиење на доста течности и исхрана богата со растителни влакна за да се избегне затвор и напрегнување. Избегнувајте напорна физичка активност наредните 4 до 6 недели.

Што претставува ПАП тест и зошто е битно рано откривање на Хламидија (Chlamydosis) – Поликлинички центар Манолеви

Што е бенигна хиперплазија на простата?