Нашето поднебје е карактеристично по големиот број сончеви денови во текот на годината, кои, секако, имаат најголем интензитет во летниот период. Сонцето во одредена мера има позитивни ефекти врз луѓето бидејќи е важен извор на витамин Д, а воедно го поттикнува и нивото на серотонин и го подобрува нашето расположение. Сепак, прекумерното изложување на сонце може да доведе до оштетувања на кожата. Поради тоа се препорачува умерено изложување на сонце и избегнување директна сончева светлина за време на најинтензивните часови.
Познат е фактот дека добивањето бронзен тен е нешто кон кое сите тежнеат во текот на летните одмори. Сепак, бавното добивање боја е подобро, трае подолго, е побезбедно и поздраво. Затоа се препорачува изложеноста на сонце во првите неколку дена од одморот да не надминува 30 минути. Треба да се практикува нанесување на средство со заштитен фактор и тоа 30 минути пред излегување на сонце.
Деловите од нашето тело што се најмногу изложени на сонце се лицето, вратот и деколтето. Кожата на лицето е почувствителна на сончевите зраци во однос на кожата на другите делови од телото, а тоа ја прави полесно подложна на оштетувања. Затоа, таа треба да биде заштитена со соодветно средство за заштита од сонце. Кремот Black up за сончање лице, СПФ 30, со својата единствена формулација овозможува висока заштита и хидратација на лицето во текот на сончањето. Тој содржи комбинација на УВА- и на УВБ-филтри, кои ја заштитуваат кожата од појава на изгореници и на црвенило, а збогатен е и со екстракт од алое вера и со Де-пантенол, кои ѝ ја овозможуваат потребната влажност на кожата. Кремот Black up за сончање лице е наменет за сите типови кожа и е дерматолошки тестиран.
За висока заштита во текот на сончањето, се препорачува нанесување на средство со висок заштитен фактор. Маслото за сончање Black up со СПФ 50 содржи комбинација на УВА- и на УВБ-филтри, кои заедно со другите состојки ѝ овозможуваат висока заштита и нега на кожата во текот на сончањето. Иновативната водоотпорна формулација со внимателно одбрани состојки овозможува брза и лесна апсорпција на маслото, давајќи ѝ на кожата пријатно кадифесто чувство при допир, без појава на мрсен сјај на нејзината површина.
По денот поминат на сонце, важно е кожата да се негува со средства кои овозможуваат таа да биде хидрирана и мека. Новиот Black up гел со разладувачки ефект ја смирува и ја тонизира кожата. Гелот е збогатен со екстракт од овес, кој ја заштитува кожата од појава на иритации, и со екстракт од алое вера, кој ѝ дава влажност на кожата. Тој, исто така, содржи ментол, кој ѝ дава пријатно чувство на ладење на кожата. Гелот за по сончање брзо се апсорбира и не ги мрси кожата и облеката. Наменет е за сите типови кожа и е дерматолошки тестиран.