Spinning®
Спорт Инн е првиот, единствен, официјален и сертифициран Spinning® центар во Република Македонија. Spinner® велосипедите имаат геометрија, држење и отпор како и врвните гранд-тур друмски велосипеди. Spinning® програмата е прилагодлива за сите, а нашите сертифицирани Spinning® тренери ќе ве водат, мотивираат и забавуваат кон посакуваните резултати.
Без разлика дали тренирате за велосипедска трка додека времето е лошо или сакате да бидете посилни. Без разлика дали сакате да го негувате вашето тело и дух или да се испотите или пак да изгубите дел од вашата телесна тежина. Можеби едноставно сакате да се пронајдете себеси, нашата Spinning® програма е креирана токму за Вас.
Сите инструктори во Спорт Инн се Spinning® сертифицирани од официјалната Spinning® програма и имаат одлично познавање во областа на анатомија, физиологија како и во различни тренажни принципи.
Ние веруваме дека најдобриот начин да се запознаете со Spinning® програмата е да го посетите Спорт Инн и активно да учествувате во една Spinning® сесија. Со иницијативите на Градот и Граѓаните за подобрување на безбедноста за возење велосипед, Спорт Инн се надева и верува дека возењето велосипед ќе ги замени сите останати форми на транспорт.
Во Спорт Инн не возиме само велосипед , ние вртиме музика и возиме Spinner®и.
Spinning® е оригиналната „indoor cycling” програма која е започната до страна на „ultra-endurance” велосипедистот Johnny-G, пред 20 години како надополнување на неговиот тренажен процес.
Spinning® е една од тајните на светските фитнес топ модели како Emily Di Donato моделот на Sports Illustrated, или девојките од Victoria’s Secret. Еден Spinning® час просечно трае 50 минути.
Spinning® во Спорт Инн
Едноставно кажано Spinning® програмата е микс од наука и единствено искуство. Имаме некоја mind/body релација. Како две крила на птица, физичкиот и менталниот аспект на тренингот мора да функционираат еднакво и заеднички. Едното нема никаква смисла без другото. Кога двете се во рамнотежа може да “летате”. Не е воопшто тешко да го возите овој пат. А кога го возиме заедно. Тогаш почнува забавата. Јбг животот е краток треба да уживате и тој треба да ве насмее и направи да се чувствувате фантастично, инаку, чуму трудот?
Издржаните тренинг принципи, кои се базираат на тренингот на вашето срце се основа на нашите профили за возење. Spinning® програмата користи систем од 5 различни Energy Zones™ (зони на срцев пулс) како водич за, еден фенси збор “периодизација”. Во основа тоа значи да имате наменска разновидност на вашата програма за вежбање за да го избегнете платото (да сте во позиција кога не можете да напреднете) и да се катапултирате кон вашите фитнес и натпреварувачки цели.
NO BULLS#!T пристап: Во Спорт Инн секој час има дизајн и цел. Мапа на која е лесно да ја откриете вистинската насока. Искрено: ако барате рандом движења кои немаат баш смисла, не безбедни и контраиндикативни движења или Spinning инструктор кој ќе ви се “дере” цел час, не мора да доаѓате во Спорт Инн, едноставно ќе се разочарате – нема да сте среќни. Ние возиме како што се вози велосипед, не скокаме од него, не креваме тегови додека возиме, не правиме чучњеви додека возиме, не возиме без раце, не педалираме со брзина на светлината (а не интересира како би изгледало тоа). Не бегаме од реалноста и возиме безбедно. Spinner-ите се со фиксна брзина и имаат замаец со тежина (wighted flywheel), навистина може да се повредите доколку не ги следите правилата. Еве што не треба да правите додека возите. Тука. Тоа е тоа сега може да се опуштите.
НА КРАЈ: Возиме вистински, најмногу бидејќи веруваме дека има нешто повеќе во возењето велосипед од педали и брзини, ридови и спринтови.
Прочитајте повеќе и за Sport Inn Center: Нашето место — Вашиот Центар