, , , ,

Зошто физичка активност кај децата и младината и каков вид на физичка активност да се одбере ?

#backtoschool

Сите кои редовно тренираат се поотпорни на болести,зголемена им е работоспособноста,им се создава креативен дух,стануваат поурамнотежени,стекнуваат сигурност во сопствените сили,поведри се и подобро се вклопуваат во средината во која што живеат,учат или работат.

Активност каде надминувајќи ги физичките бариери, децата можат да се ослободат од разни ментални блокади. Активност каде преку серија на физички задачи кои се неопходни за детето да реши, како да добие една хармонична целина. Активност преку која истовремено ги подобрува когнитивните способности, активност каде стекнува способност за истакнување на позитивната страна на личноста итн. Предлагаме тоa да биде Рекреативна гимнастика или Карате до кои ги обединуваат сите овие активности.

  • ШКОЛА ЗА РАЗВОЈ НА МОТОРИЧКИ СПОСОБНОСТИ И РЕКРЕАТИВНА ГИМНАСТИКА

Рекреативна гимнастика е психофизичка активност која  содржи голем број на мошне интересни вежби со инволвирање на мускулите на целото тело, и бидејќи истите треба да се извршат од страна на децата, дадените вежби се претставени како еден вид на игри и забава. Затоа децата гимнастиката не ја гледаат како спорт, туку како интересен тип на игра, во која учествуваат со своите врсници.

На децата им е дадена можност на многу справи да ги тестираат своите вештини и умешности.Ако се гледа од здравствен аспект гимнастиката дава голем придонес за здравјето на детето. Истиот се користи за отстранување на постојните и спречување на зголемувањето на бројот на деформитети. Бидејќи многу деца денес имаат проблеми со рамни стапала, искривување на ‘рбетот и дебелината, важно е да се истакне дека гимнастиката помага да се елиминираат овие проблеми, детето да биде поздраво и поспособено.

Бидејќи децата додека растат имаат тенденција на падови и повреди, па така гимнастичките вежби ги наведува на тоа како да бидат подготвени да се дочекаат на нозе и раце, без никакви посериозни повреди.Исто така, ако се присутни кај детето на пример стравот од височини, јавното говорење, итн, гимнастиката е добар пат за надминување на овие стравови.Поради надминатите сопствени стравови и справување со фактот дека границата на издржливоста може да се помести, детето станува послободно и подготвено за предизвиците што ги носи животот.

Карате До школата на ШКК Вардар работи по програма за развој на моторичките способности кај децата  од предшколска и школска возраст. Низ методата на игра и забава како основно средство на работа ги запознаваме децата со разни вежби на елементарни движења.

Преку разни облици на трчање ,одење , скокови, пузење, качувања, протнувања како и употреба на разни реквизити во индивидуална и групна работа ,ја постигнуваме нашата стратешка цел која е фокусирана кон : развој на моторичките способности , функционалниот и психолошки статус на децата во предшколска и школска возраст.

Во рамките на Карате До школата на ШКК Вардар предвидени се викенд излети, јавни настапи во рамките на разни приредби,соработка со други клубови од Македонија и странство.

Инаку Карате До школата на ШКК Вардар е еден од ретките спортски колективи во Македонија со 51 годишна традиција помината во  едукација на младите. Во долгата историја од школата на ШКК Вардар има излезено голем број на спортисти државни репрезентативци во разни возрасни категории со официјални домашни и меѓународни резултати.

Независно која од понудените активности  да одберете ќе има посебен ефект кај вашето дете во смисол на : зајакнувањето на рацете и рамената, ориентација во просторот и времето, моторна интелигенција но и во смисол на зајакнување на волјата, упорноста, храброста, одлучноста, дисциплината, систематичноста итн.

Од аспект на развивање на способност : сигурно постепено ќе ја зголемуваaт концентрацијата, координацијата, флексибилноста, агилноста, брзината, силата, издржливоста, ќе развиваатат сигурно чувство на простор и време, динамичка рамнотежа, чувство за ритам, одлучност, храброст, разбирање на другите, трпение, посветеност, упорност, педантност, точност, анализираторски способности, општа интелигенција, задоволство да им помогнат на другите, и многу други нешта.

Големото искуство во работата со деца и возрасни  на нашите стручни едукатори (Д-р. Назим Куртовиќ ; Проф.Д-р. Јован Јовановски ; Дипл.ек. Маргарета Куртовиќ ; Сања Влаисављевиќ и Сунај Демири) од трите области кои работејки посветено и со љубов кон децата, ќе направат вашите деца да го засакаат спортот и да станат психофизички здрави личности. Освен тоа преку редовните тестирања на физичките и функционалните способности и здравствената контрола (во завод за спортска медицина) ќе допринесат заедно да го следите развојот на вашето дете.

Просторот во во кој се одржуваат тренинзите е климатизиран, широк и чист. Постелен е со татами од  4 цм дебелина и опремен е со најсовремени реквизити за тренинг. Се наоѓа во строгиот центар на Скопје во деловната зграда на катната гаража Разловечко востание карши ТЦ Соравија  и  Работнички универитет Кочо Рацин.


СЦ Вардар

тел. 070 262 307 & 078 291 904

Facebook –  SC Vardar

Кои се критичните периоди на растот и развојот на децата за лошо држење на телото?

Зошто физичка активност кај децата и младината и каков вид на физичка активност да се одбере ?