, ,

Foxit – Развој на софтвер и системска интеграција

Високо квалификуван тим на искусни ИТ експерти кои работат на разновидни проекти и го подобруваат нашето опкружување и начин на живот. Компанија во која со взаемна соработка вработените и клиентите допринесуваат за уште позначајни иновации и решенија за проблемите со кои се соочува бизнисот, приватен и јавен, во Македонија, регионот, и било каде во светот. На овој начин ние сакаме да се осигураме дека крајниот корисник на сите наши услуги ќе биде максимално задоволен и ќе добие брзо и квалитетно решавање на неговите проблеми.

Фоксит е компанија основана во 2012 година, партнерска организација која е фокусирана на информатиката со големо знаење и искуство. Создавање на комплетни информатички системи за олеснување и поедноставување на работата на нашите клиенти, додавање на нови функционалности, одржување и нивно унапредување.
Работиме на создавање, подобрување и одржување на целосната инфраструктура потребна за овие решенија.

Нашата цел е да обезбедиме еден потполно комплетен ИТ систем, како и една и единствена точка за контакт и поддршка на сите наши клиенти.

Развој на софтвер

Нашата главна дејност е развој на софтвер. Доколку барањето е да се развие комплетно софтверско решение според Вашите потреби, или градење на решение од веќе постоечка платформа, ние сме тука да Ви помогнеме и специјално да го дизајнираме и развиеме решението кое ќе го даде најдобриот одговор за Вашите конкретни потреби и барања, и токму поради тоа таквото решение ги содржи точно оние компоненти кои му требаат на клиентот, по мерка.

Сите наши софтверски решенија можат да се развиваат и имплементираат етапно, заедно со променливите потреби и развојот на нашиот клиент. Исто така корисничкиот интерфејс се развива заедно со клиентот и неговите конкретни потреби.

Нудиме и овозможуваме обука за корисниците, поддршка и 24/7 одржување, заедно со имплементација и интеграција со постоечките системи, бази на податоци и поврзани продукти кои клиентот веќе ги има и користи.

Нашите софтверски решенија можеме да ги понудиме и како “Софтвер како Сервис”, или пак како решение кое ќе се хостира и ќе биде комплетно имплементирано кај самиот клиент.

Системска Интеграција

Да се имаат повеќе разновидни ИТ системи може да резултира во намалена продуктивност, неефикасност и скапо одржување. Најдобро е кога разновидните системи ги интегрирате во еден оптимално функционален ентитет.

Со нашето искуство од повеќе од 10 години во дизајнирање и интегрирање на постоечка и нова ИТ инфраструктура заедно со технологијата на водечките ИТ добавувачи од светот, ја осигуруваме оптималноста на работата на истата во склад со Вашите бизнис цели.

Фоксит е добавувач-неутрална компанија по прашањето на градење на решение според вашите потреби, и нашиот фокус е на добивање на најефикасни и оптимални сервиси од ИТ системите, како и нивното едноставно одржување. Отворени сме за соработка со било кој добавувач, и во било која техничка околина.

Партнерствата кои ги има Фоксит со водечките светски производители – IBM, EMC, HP, Microsoft, Vmware, Appian итн., ни помагаат во понудата кон нашите клиенти како тие би имале поголем избор и намалени цени.

Ние ќе ја трансформираме вашата ИТ инфраструктура во моќна алатка за вашиот бизнис, со комплетна услуга вклучувајќи и поддршка за хардвер и софтвер, консултантски услуги и дизајн.

Аутсорсинг на софтверскиот развој

Фоксит нуди целосен циклус на развој на апликации, од формирање на барањата до дизајн и развој на продуктот, тестирање на квалитет, имплементација, како и понатамошно одржување. Нашиот тим помага во изборот на најсоодветното решение според потребите на клиентот.

Исто така Фоксит Ви нуди консултации во одлучувањето кои технологии и платформи е најдобро да се искористат за да најдобро се постигнат целите на проектот, како и расположливиот буџет. Секогаш работиме заедно со клиентот како би ги откриле и најмалите потреби, вклучувајќи и технологии кои се преферирани.

Доколку Вашата компанија размислува за своето онлајн присуство, или пак има потреба од едно покомплексно и големо решение, нашиот искусен тим е тука за Вас.

Консултантство

Фоксит ќе ги дефинира, дизајнира и изврши стратегиите кои имаат влијание на развојот на Вашиот бизнис, кои ќе влијаат на Вашите трошоци и ќе креираат нови приходи. Пристапуваме кон “големата слика” на нештата, работејќи со Вас и учејќи ја Вашата визија и цели, ИТ околина, вештини и политики. Притоа развиваме краткорочна и долгорочна стратегија базирана на најдобрите практики како би добиле резултати кои се мерливи.

Компаниите сметаат на нашето познавање на технологијата, и ние го испорачуваме тоа што го очекуваат. Искусни во решенијата градени по мерка, можеме да ви помогнеме во евалуацијата на вашите бизнис идеи во секоја етапа од нивниот развој, од првичен модел, па се до надградби и екстензии на постоечките системи.

Со нашиот флексибилен и транспарентен пристап кон решавањето на проблемите, и нашето сеопфатно искуство, нашата експертиза и познавања можат да Ви помогнат да постигнете поголема продуктивност и ефикасност. Ние знаеме дека секој клиент е различен, и затоа тесно соработуваме како би го дефинирале проектот и целите. Сакаме да што подетално ги разбереме Вашите желби и го испорачаме перфектното решение.

Контакт :
www.foxit.mk
Бул.Јане Сандански 79А-1/14
1000 Скопје, Македонија
+389 2 2460 220
contact@foxit.mk

Решенија за идентификација и следливост на производите – Што е тоа?

Foxit – Развој на софтвер и системска интеграција