, ,

МЕЛАЗМА – Пигментација на кожата

Мелазмата е вид на хиперпигментација која почесто се јавува кај жените. Се јавува во вид на големи, темни подрачја како дисколорација на лицето иако можат да бидат зафатени и други делови на телото. Причините за појава на мелазма се различни.

Пигментот меланин ја одредува бојата на очите, косата и кожата. Одредени внатрешни и надворешни фактори како што е изложување на сонце,генетика,хормонски промени , старосна доба, може да влијаат на производствто на меланин.

Прекумерното производство доведува до појава на хиперпигментации, заради што настануваат темни дамки и неизедначен тен. Додека пак недоволното производство односно хиперпигментации има спротивен ефект, т.е дамки без пигмент на зафатените подрачја.

Мелазмата е вид на хиперпигментација која се јавува на лицето, посебно образите., носот, челото и надусниците а понекогаш и други делови на телото кои се изложени на сонце: подлактица, грб, нозе

Таа може да биде:

  • Епидермална мелазма- го зафаќа горниот слој на кожата, со кафеава хиперпигментација која е добро дефинирана
  • Дермална мелазма го погодува длабоко нивото на дермисот и се карактеризира со кафеаво сиви, плави точки.
  • Мешовита мелазма- комбинација од епидермална и дермална која што надворешно е видлива како кафеаво сиви пигменти

Мешовитата и дермалната мелазма заради длабочината потешко се третираат и терапијата е различна кај сите три видови мелазма.

Многу често во бременоста се појавува мелазма. Ендогените хормони ги стимулираат меланоцитите, а со тоа ги поттикнуваат да произведуваат повеќе меланински пигмент.

Главна причина за појава на флеки на кожата е изложеноста на сонце.

Затоа при излегување на сонце треба да се носат капи и шешири кои освен лицето го штитат и вратот.

Во исхраната треба да се внесува повеќе моркови, целер, домати, кајсии. Сите овие намирници содржат витамин А и Б, кои се потребни за зајакнување и заштита на кожата.

Лицата кои имаат акни треба да ја намалат консумацијата на мрсно, пржено и слатко.

Комбинација од кожа склона кон акни и изложување на сонце, може да го влоши изгледот на кожата.

Во нашата ординација мелазмата т.е пигментациите, флеките се лекуваат индивидуално.

  • Ако станува збор за епидермална плитка пигментација, ја лекуваме со серија третмани од овошни киселини, т.е гликолна киселина и со адекватна домашна нега.Започнуваме третман со 10 % гликолна киселина.
    Следниот третман е со 20 % гликолна киселина.
    Третиот и четвртиот третман се со 30 % гликолна киселина.
    Петтиот и шестиот третман се со 40 % па и до 70 % гликолна киселина.
    Меѓу третманите може да вметнеме еден третман ултразвук со витамин Ц, или ПРП плазма третман, кој исто така помага во отстранувањето на флеки и пигментации.
  • Ако станува збор за мешовита или дермална мелазма, терапијата е малку поинаква.
    За мешовита мелазма, т.е со средна длабочина правиме комбиниран третман во една посета кој се состои од хемиски пилинг, мезотерапија Whitening , серум Whitening и маска за избелување.
    Потребни се од 4-6 вакви третмани за да ги добиеме посакуваните резултати. Помеѓу третманите може да се вметне и еден ПРП или плазма третман. Клиентот треба да се придржува и до адекватната нега препишана од лекар-естетичар.
  • Ако станува збор за длабока дермална мелазма имаме повеќе различни терапии и соодветната терапија за нас ќе ја одреди искусен лекар-естетичар.
    • Може да работиме со трокомпонентен пилинг за лице, врат и деколте 1) PEEL MANDELAGE (менделичен пилинг), веднаш потоа 2) P By P и на крај 3) PEEL LIGHTENING.
    • Може да правиме третман по протокол на BENE BELLUM со транексаминска киселина и 15 % TCA киселина.
    • Може терапијата да се состои стриктно со TCA киселина.
    • Ако имаме хиперпигментации на шаки, грб повторно работиме со трокомпонентен пилинг 1) Mandelage Peel, 2) Inno Exfo P By P, 3) Inno Exfo TCA.
    • Терапијата може да биде и ПРП плазма третман во комбинација со микродермоабразија
    • Видот на потребната терапија ја одредува само искусен лекар-естетичар кој според структурата на вашата кожа, вашите навики, внимателно ја воведува терапијата и Step by step да се постигнат посакуваните резултати

Д-р. Марија Караниколова
Стоматолог, Лиценциран Естетичар

Специјален попуст на зимски гуми

МЕЛАЗМА – Пигментација на кожата