Соочувајќи се со првите пензионерски денови, многумина започнуваат и се активираат на различни работни полиња тврдејки дека имаат повеќе обврски сега, отколку кога работеле, деодека други се соочуваат со губење на самодовербата, здодевноста и со чуство дека немаат за што да се надеваат во престојните денови. За задржување на благосостојбата на менталното здравје , специјалистите од Домот за стари лица Вита Ве советуваат на младите пензионери секој ден да го исполнуваат со нова креативна активност и да се испробаат во работите за кои порано немале време.
Активно стареење?
Активното стареење подразбира стареење во добро здравје со чувство на поголема исполнетост во нашите работни места, повеќе самостојни и независни во нашите секојдневни животи и повеќе вклучени како личности. Не е важно колку години имаме, сеуште имаме улога во средината во која живееме и можеме да уживаме во подобар квалитет на животот.
Не е крај на светот
Во Вита Ве соведуваат ” не препуштајте им се на монотонијата и на секојдневната рутина”. Ако повеќе не одите на работа, тоа незначи дека треба да се поместувате од кревет на фотелја и да ги менувате ТВ – каналите барајќи нова серија од 100 епизоди која ќе ви го убие остатокот од денот.
Тоа што сте во пензија, незначи дека е крај на светот. Пронајдете нови предизвици во годините кои доаѓаат.
Страв од иднината
За разлика од оние што имаат повеќе од доволен интерес и страст да го исполнат секој момент од својот живот по заминувањето во пензија, има и такви кои незнаат да се снајдат,се плашат за идината и паѓаат во депресија.
Мажите најчести ги мачат заморни мисли дека повеќе нема да можат да напредуваат во кариерата и дека изгубиле дел од својата машкост.
Жените се чуствуваат безначани,отфрлени и вишок, па се повлекуваат во себе обидиувајќи се да ги спречат своите човекови потреби. Во некои слуачи се јавува и потиштеност (меланхолија), пад на енергијата, несоница и немање на желба за јадење.
Како резултат на депресијата, се случува поединци да ја изгубат врската со реалноста, па без причина се борат со чуство на вина. Има и такви пензионери кои по одредено време се соочуваат со телесно и ментално пропаѓање, вознемиреност и нерасположеност кое ги блокира да одат понатаму.
Поради нарушувањето на сонот и исцрпеност, подоцна во текот на денот некои се повлекуваат во себе и ја прекинуваат комуникацијата со блиското опкружување, велат докторите.
Како да ја победите депресијата
- Има многу начини како да ја надмините депресијата.
- Научете нешто ново и пронајдете го вашиот неоткриен талент
- Кога сакате квалитетно да ги искористите пензионерските денови, потрудете се да направите нешто што порано не сте го правеле поради недостиг на времето и организирајте си ги активностите по кои се чуствувате исполнети и задоволни.
- Посветете си себеси и на животниот партнер во целост.
- Вежбајте јога или научете танцови чекори.
- Запишете се на часови по странски јазици,
- Сликајте, изработувајте предмети
- Започнете да одите во кино или театар.
- Шетајте покрај река,во парк.
Има ли нешто поубаво од реализирана личност, сега веќе можете да уживате во животот и пензионерските денови.
Достоинство пред се
Домот за стари лица Вита Ве Ви нуди можност за комплетна релаксација во мир, тишина и прекрасно хортикултурно уреден двор со летниковец, прекрасна фонтана, дрвени клупи, лулашки, патеки за прошетки кои се уредно осветлени со кандилабри, а зелената површина, цвеќето и зимзелените дрвја се посебна бајка која со зборови неможе да се доживее, треба само да се види и ужива а со тоа да се зајакне и впечатокот за идеалното место за Вас, вашите родители или блиски пријатели.
Прекрасна идеја за забава и дружење 🙂