, , ,

Како да се подготвите пред да одите во лабараторија?

Неколку препораки од Авицена лабараторија

За повеќето лабораториски испитувања на крвта неопходна е припрема која подразбира земање на примерок (на празен стомак) наутро, 12 часа од последниот оброк. Ова е неопходно затоа што консумацијата на храна во периодот пред земањето на крвта доведува до пораст на концентрацијата на глукоза, холестерол, липиди, протеини, железо и други метаболити.

– Пред вадењето на крвта би требало да се избегнува физичка активност, затоа што влијае на зголемувањето на нивоата на поединечни ензими ( пр. CK и LDH ).

– Треба да се знае дека вадењето на крв за пролактин, кортизол, ACTH, катехоламини, мора да се изведува во состојба на потполна релаксација и мирување (лежење) од 20 – 30 минути. Ова се хормони кои покажуваат изразено дневно варирање т.е време и профил за вадење на крв и нивното испитување треба да го одреди самиот лекар.

Совети за правилно земање и собирање на урина

За преглед на урината и/или уринокултура неопходно е да се земе, после лична хигиена ( тоалета со топла вода и сапун ), првата утринска урина ( среден млаз ) во стерилен сад или примерок урина земен најмалку 3 часа од последното уринирање. Примероците во најкраток можен рок да се донесат во лабораторија. Ако не сте во можност да дојдете веднаш, урината може да се стави во фрижидер. Прегледот на примерокот од урина треба да се направи најкасно 2 часа од неговото земање, а максимално 4 часа ако урината се чува во фрижидер.

Тест на оптеретување со глукоза

Тестот на оптеретување со глукоза се прави во лабораторија, во траење од 120 – 180 минути ( во зависност од протоколот кој го барал Вашиот лекар ). За време на изведувањето на самиот тест пациентот треба да мирува, не може да јаде, пие и пуши. Неколку дена пред изведувањето на тестот пациентот треба да е на урамнотежена исхрана и не би требало да се изложува на поголеми физички напори. Би требало да се прекине со земање на поедини лекови кои влијаат на метаболизмот на глукоза ( пр. коритикостероиди ), но само во договор со лекарот.

Оптимална припрема и совети за подготовка на пациенти за микробиолошки испитувања

Припремата на пациенти за земање на примерок за микробиолошко испитување е од посебно значење, бидејќи може значајно да влијае на резултатите од испитувањето.
Сите примероци треба да се земаат пред започнување на антибиотска терапија или неколку дена ( најмалку 48h ) по прекинот на истата.
Уринокултурата е најчестата анализа во микробиологијата. Подготовката за давање на урина за уринокултура е особено значајна кај жените и малите деца. Потребно е миење на надворешните гениталии со млака вода и сапун, така да млазот оди од напред према назад. Потоа кожата да се исуши, без мачкање на било какви креми. Подготовката за давање на урина за уринокултура кај мажите исто така подразбира миење на гениталиите со млака вода и сапун.
Бидејќи првиот млаз на урина практично ги одмива бактериите од кожата и бактериската флора од уретрата, во стерилен сад се зема исклучиво средниот млаз, при што е доволно чашата да се наполни до една третина од нејзиниот волумен. Кај децата исто така е пожелно да се обезбедат услови да можат да мократ директно во стерилниот сад, но ако тоа не е можно, исто така треба да се направи хигиена на надворешните гениталии, да се стави кесичка и да се контролира кога детето мокрело. Тогаш треба да се тргне кесичката и да се донесе во лабораторијата.
Кога е можно, примерокот на урина треба да се зема наутро, така што пациентот во текот на ноќта не уринира пред да ја даде урината или во било кој период од денот најмалку 3 часа од последното уринирање. Со оглед на тоа дека урината е добра хранлива подлога за развој на бактерии, треба што побрзо да се достави во лабораторијата или да се чува во фрижидер додека да се однесе во лабораторија.
За испитување на присуство на хламидија, микоплазма или уреаплазма во урината потребно е да се даде првиот млаз ( прв утрински млаз ) кој обично ги собира епителните клетки на уретрата во кои се наоѓаат овие микроорганизми. Ова најмногу се однесува на мажите, бидејќи кај жените за изолација на овие микроорганизми се зема цервикален брис.
При сомнеж на уретитис било да е презивикан од бактерии, хламидија, микоплазма или уреаплазма, се зема уретрален брис и тоа наутро пред мокрењето, а ако тоа не е можно, тогаш кога било во текот на денот, но така да помеѓу последното мокрење и земањето на брисот да поминат најмалку 2 часа.
Брис од грло треба да се зема наутро, пред миење на забите или земање на храна и вода. Доколку мора да се земе во текот на денот, потребно е да поминат барем 2h од последното земање на храна и пијалоци.
Брис од нос треба да се зема пред примена на антибиотска терапија и барем 3 – 4 часа од последното испирање ( издувување ) на носот.

Гениталнибрисеви

Вагинални и цервикални брисеви (Пациентката не би требало да има сексуални односи 24 часа пред земањето на брисевите).
Уретрални брисеви (Пациентот не би требало да уринира барем 1-2 часа пред земање на брисот).

Која е есенската супер храна – достапна на секој чекор

Како да се подготвите пред да одите во лабараторија?