, , ,

Кој е скромниот Кумановски иноватор чии системи полека но сигурно го освојуваат пазарот

Единствен начин да откриете каде се границите на возможното е да одите зад нив, до невозможното. – А. Кларк

Честопати се жалиме како држава дека ни фалат идеи и иновации, дека тие се двигателот на модерната економија и притоа се чудиме зошто сме таму каде што сме. Никој не им дава значење на иноваторите ниту ги споменува, освен кога треба да им се додели некоја симболична  плакета.

Деновиве во Куманово го посетивме Миланчо Добревски кој професионално е специјалист за базени, наводнување и проектирање и изведба на соларни системи и колектори, инаку стопанственик и сопстевник на фирмата Водомат.

Неговата фирма наликува на работилницата на Док Браун од филмот Враќањето во иднината. Покрај неговиот професионален алат и резервни делови се сместени и неколку практични иновации во различни фази од развојот, кои чекаат го чекаат денот за да влезат во сериско производство.

Автоматизирана печка за печење костени, автоматизирана мешалка за ајвар или слатко со мотор кој може да работи со денови, екстензија на кука за автомобил за велосипеди која се приклучува во еден потег а на чија практичност и дизајн може да и позавидат и најдобрите фирми за приколки, автоматизирана рампа за паркирање со далечински управувач, и ред други мали и практични инаовации.

Со еден збор вистински паноптикум во кој ќе се изгубите и нема да посакате да излезете.

Целта на нашата посета беше неговата последна иновација која за среќа го виде светлото на денот и веќе се применува во многу изолирани викендички и фабрички погони ширум Македонија каде има слаб, или скоро никаков притисок на водата, а на кои им е потребно наводнување.

Пријатен соговорник кој плени со своите познавања во различни дисциплини.

Изведба на системи за наводнување каде дотокот на вода е крајно скуден

Ова е е еден од неговите пронајдоци кои произлегле од неговото искуство, знаење и секојдневно решавање на терен на практични проблеми.

За среќа надлежинте во Јавното претпријате за наводнување  во Куманово ја препознале практичноста и иновативноста на Миланчо и за првпат во Македонија го инсталирал системот за наводнување на големи површини каде притисокот на вода е крајно скуден.

Денес, преку систем од  три сонди од кои една контролна и автоматизирана мрежа на прскалки (кои се вклучуваат наизменично во различно време) со различно количество на вода за различна зона, паркот во Куманово има најинвентивно решение за наводнување во Македонија. Со решението не се користат ресурсите на градскиот водовод, а дотокот на вода е повеќе од скромен. А, функционалноста на системот не е во ниту еден момент доведен во прашање – паркот целосно и постојано се наводнува.

Изведба на базени со кристално сино-смарагдна боја на водата

Со Миланчо можевме да останеме цел ден и да не ни биде здодевно. Освен со овој пронајдок, за кој ни зборуваше со неверојатна енергија, страст и возбуда, се запозавме и со една од неговите последни иновации: изведба на базени со кристално сино-смарагдна боја на водата.

Се прашувате како ?

За Миланчо многу едноставно: тој знае како да ја искомибинира бојата на плочките, светлината, водата и средината во која се изведува базенот за да се постигне неверојатен визуелен ефект, а притоа да не се употребуваат ниту зелени ниту сини плочки.

Ако ве води патот или маката накај Куманово ви препорачуваме да го посетите неговиот мал свет на идеи и иновации и ви гарантираме дека нема да зажалите.

Гостиварските уметници на гипсот рамо до рамо со италијанските

Кој е скромниот Кумановски иноватор чии системи полека но сигурно го освојуваат пазарот