, , ,

Гостиварските уметници на гипсот рамо до рамо со италијанските

Магијата на гипсот како материјал

Сигурно во изминативе неколку години дејствијата во централното градско подрачје на нашиот главен град ве заинтригира да се впуштите во истрагата на користењето на гипсот како градежен материјал.
Со оглед на тоа што истото и мене ми се случи, одлучно почнав да ја истражувам употребата на гипсот како материјал во разни области на човековото битисување..

Гипсот во градежништвото

Широката примена на гипсот во современото градежништво не е случајна. Гипсот е потполно природен и здрав материјал и како градежен материјал се употребувал уште пред 5000 години, така што покрај пирамидите се граделе и други помали творби.

И во денешно време гипсот се повеќе се употребува како градежен материјал затоа што е проверен градежен материјал, кој воедно придонесува кон одржување на топлотна изолација во внатрешните простори.

Покрај топлотната изолација, проблемот на бука помеѓу поедини простории може да се отстрани со вградување на гипс-картон ѕидови со соодветна дебелина, кои во својот состав имаат интегрирано изолација. Исто така гипсот ја регулира влажноста на воздухот во затворените простории, бидејќи се состои од бројни мали пори кои во присуство на влага во воздухот ја преземат и при недостиг ја оддаваат.
Факт е дека гипсените материјали се карактеризираат со одлични градежно – физички, здравствени и естетски својства: со нив истовремено се малтерисува и глетува, имаат постојан квалитет, голема цврстина, противпожарни својства, брзо се сушат, не оставаат пукнатини, овозможуваат пријатна клима, а на крајот сепак се економични.

Гипсот во човечкиот дигестивен систем

Интересно е да се спомене дека во просек, секоја човек за време на својот живот консумира околу 6 тони гипс, со оглед на тоа што истиот е составен дел на одредени прехранбени продукти, и тоа:

  • Калциумовиот сулфат е природен материјал во водата за пиење
  • Служи и како адитив за омекнување на водата за пиење
  • Како додаток за кондиционирање на пивото
  • Како помошно средство за печење на леб
  • Како средство за втврднување на мармалад и џем

Гипсот како декоративен материјал

Ако некој материјал е погоден за внатрешна декорација, но и за конструкции, тогаш тоа е гипсот.

Овој прилагодлив материјал не само што е пријатен на допир, туку е и огноотпорен, топол на изглед и лесно обработлив. Од него може да се направи скоро се, од ѕидови и плафони па се до украси и ентериерни декорации.

Гипсот е често користен и за изработка на уметнички декорации во ентериерите.  Низ историјата е практикувано многубројни естетскиот изглед на Европските дворци да се исполнува со позлатени гипсани мотиви. Гипсани детали користеле и муслиманските архитекти, со мотиви на цветови, букви, животински и геометриски облици ги исполнувале ентериерите и им вдахнувале дух и убавина.

Со задоволство би сакал да ja издвоjам македонската компанија „Ѕуфи декор“ од Гостивар кои несомнено се маестрални во изведувањето на разновидни декори кои красат ентериериери на голем број објекти ширум земјава, и како такви се единствени.

Ги посетивме Ѕуфи декор во Гостивар во нивната мала работилница каде се раѓаат чуда од гипсот. Не пречекаа со турски чај за добредојде и ни ги отворија вратите на нивното царство.

Проследете неколку фотографии кои ќе ви го доловат истото и можеби ќе ве инспирираат да го декорирате вашиот простор користејќи го гипсот како единствен и најстар природен материјал.

 

Како лесно и во секое време да ја дознаете потрошувачката на струја на било кој уред дома

Гостиварските уметници на гипсот рамо до рамо со италијанските