, , ,

Што е атописки дерматит, кога се појавува и како се лекува

Атописки дерматит претставува хронично, воспалително, повторувачко (рекурентно) заболување на кожата која се карактеризира со црвенило и субјективно чуство на силен јадеж. Друго име карактеристично за оваа болест е екцема но овој термин кај народот е почесто е асоциран со појава на истите симптоми по рацете. Во повеќе од 90% првите симптоми настануваат во првата година од животот а кај 75% до третата година од животот. Во одност на половата застапеност, жените имаат поголема шанса да развијат атопија отколку мажите.

Оваа болест е еден цел комплекс или синдром каде не е само кожата афектирана па како таков и се третира цел живот. Не е животно загозувачки но може многу да влијае на квалитетот на живеење кај овие индивидуи и честопати бара мултидисциплинарно лекување. Се карактеризира со појава на суви зони по кожата на скалпот, челото, лицето како и внатрешните (флексорните) страни на горните и долните екстремитети. Естопати знаат и да набабрат како пликови и да тече бистра течност од нив. Кај доенчиња и мали деца честопати може да се забележат како се тријат од некоја груба површина за да си го олеснат јадежот.

Поради ова се јавуваат и рагади (пукнатини) по кожата кои се влезна врата за многу инфекции, исто така чест ко-феномен на атопискиот дерматит. Кај пациенти со хроничен тек на болеста и години поминати во менаџмент на истата, кожата на предилекционите места е честопати и здебелена (лихенифицирана) и знае да чеша независно дали има епизод на егзацербација на болеста или не. Освен кожните симптоми, овие пациенти се склони и на астма како и на алергии од разно разни алергени кои дополнително ја влошуваат и дерматолошката слика и се 100% присутни/одговорни за нов напад на атопија , чешање и нелагодности. Најчеста е во пролет кога алергените во воздухот се најзастапени како и во градови кои имаат голам стапка на воздушно загадување. Не е заразна болест ниту пак е одраз на хигиената, а исто така има и наследен фактор.

Третманот на болеста е повеќе во правец на менаџмент и менување на стил на живот отколку што е земање на редовна терапија. Лекувањето е неопходно и најесто симптоматско. Се третира јадежот, сувоста и црвенилото како и евентуалните коморбидитети како инфекција од бактериска или габична природа. Менаџментот на болеста е најбитниот дел од третманот каде на пациентот му се дaваат специфични инструкции за исхрана, тип на материјали на облека, алергени кои треба да ги избегнува, активности кои го намалуваат стресот и слично. Дисциплината на пациентите го диктира успехот на третманот и исходот на симптомите.

 

повеќе на ДермаПлус

Aстматичарите стравуваат од уште една зима загушена во смог

Што е атописки дерматит, кога се појавува и како се лекува