Магнезиум е макроелемент, есенцијален минерал, неопходен за функционирање на над 300 ензимски реакции.
На возрасен, здрав маж му требаат 420 mg магнезиум на ден, а на возрасна здрава жена 320 mg.
Во телото на здрав возрасен човек има околу 24-30 грама магнезиум.
Најмногу се наоѓа во коските, скелетот и срцевиот мускул, додека остатокот се наоѓа во црниот дроб, бубрезите, мозокот и црвените крвни зрнца.
Глобално, околу 60 % од возрасните лица не внесуваат доволни количини на магнезиум.
- 100 mg
Минимален внес нa дневни количини на магнезиум кои мораат да бидат поголеми
- 420 mg
Дневна доза на магнезиум за возрасен здрав човек
- 320 mg
Дневна доза на магнезиум за возрасна здрава жена
- 24-30 gr
Количина на магнезиум во организмот на возрасни здрави лица
Во организмот на човекот, магнезиумот има градивна улога, но и различни функционали улоги.
Влегува во состав на коските и забите
- Овозможува мускулна активност кај луѓето
- Овозможува правилна функција на срцевиот мускул
- Придонесува за контракција на мазните мускули
- Одржува тонус на крвните садови
- Го намалува крвниот притисок, бидејќи го блокира дејството на калциумот
- Обезбедува пренос на нервните импулси
- Учествува во создавање на енергија неопходна за функција на човековиот организам
- Важен е за создавање на паратиреоидниот хормон
- Важен е за создавање на витамин Д
Како да препознаете недостаток на магнезиум и што значи?
Недостататок на магнезиум се јавува како резултат на:
- зголемени потреби (во текот на раст, развој, бременост, изложеност на стрес),
- зголемено губење (повраќање, дијареа),
- недоволен внес (диететски режим, исхрана заснована исклучиво на млечни производи и мали количини на протеини),
- примена на лекови (диуретици, кардиотоксични гликозиди, миорелаксанси орални антикоагуланси),
- разни патолошки состојби (кардиоваскуларни заболувања, хируршко одстранување на тенкото црево, алкохолизам и шеќерна болест).
Кои симптоми може да се јават како последица од недостаток на магнезиум?
- Пореметување во расположението,
- главоболка,
- грчеви во мускулите,
- ноќни грчеви во мускулите на нозете,
- замор,
- дезориентираност,
- раздразливост,
- намалена спосопност за учење,
- пореметување во голтањето,
- недостаток на апетит.
- хроничен запек.
Недостатокот на магнезиум може да доведе до: пореметување на срцевата работа, висок крвен притисок, атеросклероза, дијабетес и метаболички синдром, пореметување во липидниот статус, коронарна болест на срцето, остеопороза, хронична опстипација, зголемена кристализација на калциум оксалат во урината на човекот и малигни болести.