,

За Вас, авиокомпанијата Wizzair од завчера има одлични новости!

Wizz Аir ја менува политиката за големината на бесплатниот багаж

Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, од завчера за патниците повеќе не наплаќа дополнителен надомест за голем или мал рачен багаж во кабината на авионот на сите летови на Wizz Air, почнувајќи од 29 октомври 2017 година.

По 29-ти октомври, освен малата патна торба со димензии 42х32х25, може бесплатно да внесете и поголема патна торба со димензии 55х40х23.

За летовите по 29-ти октомври 2017-та, цените на билетите во една насока опфаќаат такси, административни и други задолжителни давачки, како и рачен багаж со поголеми димензии, со максимум тежина до 10 kg.

Секој дополнително пријавен багаж е подложен на дополнителни такси, вообичаено.

Ова претставува зголемување од 50 проценти во однос на претходната големина на бесплатниот додаток на багаж. Клиентите кои патуваат на или по 29 октомври 2017 година, кои веќе купиле рачен багаж директно преку каналите на Виз ер ќе бидат надоместени со 120 проценти од платената цена, префрлени на нивните виз сметки.

Стари димензии на багаж

И новите димензии за 50% поголем багаж

За пресметка за цена на чинење на вашиот багаж кликнете тука на BAGGAGE FEE CALCULATOR.

Котли на пелети за централно греење- правилен избор

За Вас, авиокомпанијата Wizzair од завчера има одлични новости!