Зимскиот период е исполнет со празници, кратки одмори, уживање и релаксација далеку од домот на чист воздух. Но, пред да започнете со правење на планови за каде на зимски одмор, размислете и за безбедноста на вашиот дом по заминувањето. Празните домови се одлична мета за провалување. Затоа ние споделуваме 3 лесни совети за заштита на домот.
1. Оставете запалено светло во некоја просторија во домот. Комплетно темен дом е јасен сигнал дека во моментот е празен. Поставете штедлива светилка во некоја просторија и држете ја запалена целиот период додека сте на одмор.
2. Не го објавувајте вашето заминување на одмор на социјалните мрежи. Колку и да ви е примамливо да објавувате слики или да споделувате локации од вашиот одмор тоа е наједноставниот начин крадците да дознаат каде сте во моментот или кога точно се враќате дома.
3. Обезбедете го домот со сигурносна врата и сеф. Денес на пазарот се нудат голем број безбедносни производи, но не сите ги поседуваат потребните сертификати. Компанијата Биросеф ви нуди производи со висок степен на сигурност и заштита за гарантирана спокојност додека сте на зимски одмор, но и во текот на целата година.
Сеф за домашна и канцелариска употреба
Биросеф сефови EN 1143-1
Класа 2 – Серија BSB II
Двокрилна сигурносна врата со надвратник