,

Направете го Вашето возило оригинално

БЕЗБЕДНОСНИ АВТО ФОЛИИ

Дали би сакале Вашето возило да се разликува од останатите? Ако сакате Вашиот автомобил да изгледа елегантно, или сите да се загледуваат во него, тогаш LLumar фолиите се одличен избор. Кога имате професионално монтирани LLumar фолии на Вашиот автомобил, покрај саканиот естетски изглед добивате и многу издржлива фолија со оптимални карактеристики. Од ексклузивниот асортиман на LLumar фолиите, достапни во различни бои и нијанси може да креирате изглед за Вашиот автомобил кој во целост одговара на Вашата личност. Сакате ли да видите како би изгледало Вашето возило со вградени LLumar фолии? 3D Авто Конфигураторот на LLumar ќе Ви помогне да дизајнирате прекрасен изглед само за Вас и Вашето возило.

>>> Поставете го Вашето возило во 3D

Исклучителен стил, а извонредни перформанси

Автомобилските ентузијасти се сложуваат дека LLumar фолиите се со најмногу „стил“ на светскиот пазар. Но сепак не мора да жртвувате стил и појава за да се заштитите себеси и својата инвестиција. Со LLumar фолиите сте сигурни за:

  • Фолија со стабилна боја, која никогаш нема да стане пурпурна.
  • Непостоење на грди меурчиња, како ни лупење.
  • Широк спектар на бои и нијанси.
  • Компатибилност со фабричката боја на стаклото.
  • Издржлива површина, отпорна на гребење.
  • Повеќе приватност за Вас и за Вашите драгоцености.
  • Значително намалување на одсјајот – и до 90%.

Сите LLumar фолии за стаклени површини стручно се монтираат од страна на високо обучени техничари, а фабричката гаранција се подразбира.

 

АВТО-ВИТКАЊЕ (Car wrapping)

 Терминот “wrapping” е составен од Англискиот збор “wrap” кој во превод заначи завиткување или виткање, и глаголската форма “ing”, а како соодветен превод за “wrapping” би можело да се зема терминот „пакување“. Терминот “car wrapping” си земаме за право да го преведеме како „авто-виткање“ затоа што оваа комбинација на зборови во целост одговара на широко прифатениот англиски термин, и совршено ја опфаќа активноста на лепење на фолии на каросеријата од возилото или некои негови делови. Самолепливите фолии веќе многу години се користат за лепење на комерцијални возила и сообраќајни знаци. Grafityp сега оди чекор понатаму со воведување на новите самолепливи GrafiWrap Aвтомобилски & Деко фолии: Мазни лиени самолепливи фолии за облагородување на Вашето возило со ексклузивен изглед и допир. Ретровизори во карбон, хауби во мат црна, кожен или карбонски изглед на внатрешноста, комплетна каросерија во полиран алуминиум, лајсни кои ја менуваат бојата во зависност од аголот на гледање, … Само небото е граница! Уникатниот состав на GrafiWrap Aвтомобилски & Деко фолиите ги прави применливи на секое возило или на било кој објект кој прифаќа самолепливи материјали. Лиените фолии може да се печатат, и се толку мазни и прилагодливи што може лесно да се применат за лепење во длабоки вдлабнатини, па дури и околу ретровизори и браници. Ако сакате да го промените изгледот на Вашето возило тогаш авто-виткањето, односно лепење на фолија на каросеријата или некои делови од автомобилот е идеално решение. Тоа Ви нуди многу предности во споредба на пример со фарбање на возилото. Покрај тоа што фолијата може да се одстрани и повторно да се залепи нова, со што повторно добивате нов изглед за Вашиот автомобил, фолијата ја штити бојата од временските услови, ефектите при замрзнување или одмрзнување, од солта, од физички оштетувања од камчиња или гребнатини и т.н. Друга предност е тоа што не мора да се преправа целото возило, како на пример кога со фарбање не може да се погоди иста боја, туку само да се корегира тој дел од возилото кој е оштетен.

Grafityp има обучено голем број на техничари во светот, кои знаат на совршен начин да ги применат GrafiWrap материјалите на Вашето возило. Дали сте во потрага по инсталер кој може да го „завитка“ вашиот автомобил? Само обратете се во нашата канцеларија>>>  

Што мислите, дали фолиите за виткање на GrafiWrap можат да издржат брзина од 2400 km/h, илиоптоварување од  забрзувања до 9G? Одговорот е многу едноставен. Сомневањето е исклучено со фактот дека е „завиткана“ една цела ескадрила од авиони F16 во Бегиската авиација.

Спецификација на карактеристики >>>

Контакт и повеќе инфо:

Лумар ФолиВорлд

Трета Македонска Бригада 68
1000 Скопје, Р.Македонија
02 244 3883, 078 305 228
info@folii.mk
Понеделник – петок: 8:30 – 4:00
Сабота: 9:00 – 2:30

Менаџер за инсталација
Горан Антиќ
078 305 228
goran@folii.mk

Локација: Во близина на Раде Кончар позади авто салон CILAZ во кругот на Јавор Комерц карши телевизија Сонце

Дали знаете зошто LLumar фолиите за автомобил се лидер во безбедноста!

Направете го Вашето возило оригинално