, ,


Одберете поклон според хороскопскиот знак

Не грижете се повеќе, затоа што ние ви подготвивме еден Водич за поклони

(20.01 – 18.02) Водолија

Никогаш не можете да предвидите што сакаат во конкретен момент претставниците на овој знак. Една недела е јога, наредната фитнес или нешто др. Но, секогаш ја сакаат технологијата и прогресот. Без разлика дали ќе им подарите DVD плеер или iPod, верувајте тие ќе бидат пресреќни. Водолијата управува со глуждовите, па нема да погрешите ако им подарите повеќе различни пара чорапи или неколку терапии за масажа.

Тие ја ценат уникатноста на подароците, затоа што тоа за нив значи дека е избиран специјално за нив и со многу внимание. Кога им подарувате нешто уникатно, измислете и некаква приказна, а ако не можете, тие ќе го направат тоа за вас и во ниту една прилика нема да заборават да ја раскажат.

Предлог:  Подарете им медицински третман

Празнична диета и детоксикација – симнете 2 килограми за еден ден

Одберете поклон според хороскопскиот знак