, ,


Одберете поклон според хороскопскиот знак

Не грижете се повеќе, затоа што ние ви подготвивме еден Водич за поклони

(21.05 – 20.06) Близнаци

Близнаците сакаат подароци кои ги прошируваат нивните хоризонти. Подарете им примамлива книга, некое научно списание, билет за некој културен настан или патување и верувајте ќе ги направите пресреќни.

За близнаците подароците и не се толку важни. Личноста е поважна за нив отколку подарокот. Тие сакаат необични подароци и многу им е важно што е напишано на картичката – треба да е нешто од срце. Овој знак управува со рацете и дланките,  па парфимиран лосион за раце, блескав прстен, ракавици или нешто друго поврзано со овие делови од телото ќе ги задоволи.

Близнаците се најљубопитниот знак во хороскопот и со нетрпение чекаат да видат што се крие под опаковката. Но, тоа не е поради богатството кое се крие внатре, туку едноставно поради задоволувањето на нивната љубопитност. Тие никогаш не гледаат материјалистички на подароците.

Предлог:  Купете им сребрен прстен или пак позлатен  со кристали

Празнична диета и детоксикација – симнете 2 килограми за еден ден

Одберете поклон според хороскопскиот знак