Меки и слатки круши се идеални есенски продукти, одлични и кога се консумираат свежи и кога се користат во подготовка на сложени јадења.
Крушите се едно од овошјата кои имаат големо количество на растителни влакна. Исхраната во кој има состојки кои содржат растителни влакна ќе ви помогнат во спречување на подуеност на стомакот и одржување на здраво ниво на холестеролот, ако пак искомбинирате со актуелниот купон за попуст за 25% попуст за 10 уплатени третмани од групата на слабеење и обликување на тело имате добитна комбинација за вашето здравје.
Крушата е одлична е за здравјето и е хипоалергична храна и може да ја консумираат и дечињата од најмала возраст, крушате е супер храна за сите генерации.
Исто така, се извор на витамини како Ц, К, Б2, Б3 и Б6, а содржат и калциум, магнезиум, калиум, бакар и манган. Витаминот Ц и бакарот се антиоксиданти па затоа консумирањето на круши може да направи вистинско чудо во корист на вашето здравје.
Содржат и минерали кои го апсорбираат калциумот, затоа се препорачуваат и за оние кои се заболени од остеопороза.
Крушата (науч. Pyrus) е средноевропско овошје, кое најмногу се одгледува во Европа, Северна Америка и Азија. Најпознати производители на круши се Италија, САД и Кина.
Веројатно најстарото сè уште родно дрво на круша во Македонија е од сортата „боздонка“ и се наоѓа во Ресен, во дворот на една семејна куќа во близина на Домот на културата. Се претпоставува дека дрвото било засадено во времето на Нијази-бег пред околу 150 години. Крушата е висока над 10 метри и таа е една од ретките круши во Ресен што не ја уништила болеста ервенија.[2]