(22.12 – 19.01) Јарец
Јарците се ориентирани кон кариерата и сакаат подароци кои се поврзани со нивната работа како лап топ, актовка или кожна столица. За нив и не е толку важен подарокот. Многу поважни се личниот однос и грижата од ваша страна. Ќе им значи ако сте обрнале доволно внимание при изборот на подарок, а не колкава е неговата цена.
Ако не ви даде јарецот никаков коментар дека му се допаднал подарокот, немојте да се разочарувате. Дури и ако многу му се допаѓа вашиот подарок, нема да го дознаете тоа сè додека не го видите на неговото биро. Ако е дел од вашето семејство, подарете му нешто топло и меко. Тие се многу чувствителни на студ, па можете да им подарите топли влечки, топло палто, калорифер, јорган или џемпер.
Ако избирате подарок за жена јарец, видете ги прво боите во нејзиниот плакар, затоа што таа не сака да експериментира многу со боите. Жените родени во овој знак сакаат голем буќет цвеќе и уникатни креации на свечени тоалети.
Предлог: Купете им уникатна креација од некој моден креатор