, ,


Одберете поклон според хороскопскиот знак

Не грижете се повеќе, затоа што ние ви подготвивме еден Водич за поклони

(23.10 – 21.11) Шкорпија

Шкорпиите можеби ќе речат дека Нова година или Божиќ се празници за само залудно трошење на пари. Но, и покрај нивните тврдења, тие ги сакаат подароците. Толку многу ги сакаат подароците што понекогаш си подаруваат сами. Особено добредојдени се подароците без повод. Но, ако ги заборавите на некој празник или на роденденот, вашиот грев нема да биде простен до крајот на нивниот живот.

Никој не сака да открива тајни повеќе од шкорпиите, па една книга од Агата Кристи на пример нема да е лоша идеа. Сакаат сè што ги подобрува нивните детективски вештини. Подарете им нешто што ќе ги одделува од толпата и ќе ги прави посебни како мобилен телефон со необичен дизајн, убав и уникатен паричник, скапо вино или виски. Ако се работи за жена необична и оригинална облека или очила по последна мода ќе направат нејзиното срце да заигра.

Никогаш не ги носете подароците неспакувани. Никогаш нема да го отворат подарокот на место во моментот кога ќе го добијат. Мистеријата треба да трае за изненадувањето да е поголемо.

Предлог:  Подарете им некое парче гардероба од новата колекција на ЛТБ

Празнична диета и детоксикација – симнете 2 килограми за еден ден

Одберете поклон според хороскопскиот знак