, , ,

Дознајте се за лекувањето и терапијата со Реиши

2  Делувањето на медицинската печурка Реиши како антиоксиданс и при забавување на стареењето

Од сите живи организми, човечкиот организам содржи најмногу антиоксиданси, според тоа човекот би требало да живее најмалку 125 год.

Вообичаено по 40-та година, антиоксидансите се преполовуваат, намалувањето на антиоксидансите во организмот е поради стресниот начин на живеење, средината во која живееме е се позагадена – загаден воздух, загадена вода, зголемено електромагнетно дејствување, стресна работа, нездрава исхрана, лош животен стил и намалена физичка активност. Намалување на  нивото на анти оксиданси – е една од причините за опаѓање на здравственета состојба по 40-та година. Во 20- 30 години не се чуствува многу голема разлика во здравствената состојба, но по 40-та година се појавуваат некои здравствени проблеми кои се резултат на претходно искажаните состојби и средината во која живееме. На 50 год. возраст се јавуваат и други здравствени проблем, а на 60 и повеќе години здравствена состојба се влошува поради рапидното намалување на антиоксидансите во организмот.

Конзумирање на растенија богати со антиоксиданси може да помогне во спречување на рак и други хронични заболувања. Антиоксидансите ги штитат клеточните компоненти од оксидативно оштетување со што се намалува ризикот за мутација и карциногенеза, а исто така ги штитат имуните клетки, овозможувајки да се одржи имунолошки одговор. Различни компоненти на Реиши, особено полисахариди и тритерпени, покажуваат антиоксидативна активност ин витро.

Ои и Лиу објавиле дека протеин врзани полисахариди и полисахарид-пептид комплекси имаат способност да го имитираат ендогениот антиоксиданс Супероксид Дисмутаза (SOD) ин виво во животни кои имаат рак. Заштитниот ефект на G. lucidum во однос на сепарација на ДНА предизвикана од фентон реакција катализирана од метал, УВ зрачење и од хидроксил радикали биле прикажани со електрофореза во агароза гел, ин витро.

Реиши медицинската печурка содржи повеќе ензими, како Лакасе(Laccase-Lac), Магнесе Пероксидасе (Magnese Peroxidases-MnP), Лигнин Пероксидсе (Lignin Peroxidases-LiP), Протеасе (Proteases),Супер Оксид Дисмутасе (Super Oxid Dismutases – SOD).Со најизразена потентнос е ЅОD, кој го забавува процесот на стареење и делува како антиоксидантна одбрана на сите клетки кои се изложени на влијанието на слободните кислородни радикали. Тоа значи дека SOD ензимот ги претвара слободните кислородни радикали во кислород и помалку токсични соединенија – водород пероксид (hydrogen peroxide).

SOD + OFR (oxigen free radical) →   H2O2 (водород пероксид) + O2 (кислород)

Водород пероксидот е помалку штетен, и тој во понатамошниот процес се претвара во вода со 2-та линија на одбрана – Glutathione Peroxisiaze ( GPX)

GPX + H2O2  H2O (вода) + O2 (кослород)

Анти оксидансот – Superoxide Dismutase (SOD) е ензим кој ги штити клетките од ДНК оштетувања, јонизирани радијациски оштетувања (зрачења), протеински оштетувања и оштетување на липидите   .

Користењето на Реиши медицинската габа на подолг период може значително да го покачи нивото на SuperoxideDismutase, а тоа ќе помогне во борба против нападот на слободните кислородни радикали, ќе го спречи стареењето и ќе спречи многу идни болести вклучувајки го и карциномот. Полисахаридите и полипептидите пронајдени во Реиши медицинските габи можат ефектно да го забават стареењето со следниот механизам: Ја подобруваат ДНК синтезата во нуклеусот (јадрото) од клетката и го зголемува бројот на делби на клетките, што резултира со успорување на процесот на стареење. Регулација на метаболизмот и подобрување на синтезата на нуклеинската киселина и протеините.

Истражувањата покажале дека Реишито ја подобрува синтезата на нуклеинската киселина и протеините во крвната плазма, црниот дроб и коскената срж, затоа ефектно го спречува стареењето. Познато е дека луѓето кои редовно користат производи од  Реиши медицинската печурка изгледаат повитално и помладо.

Истраживме се за лекот на кралевите и кралот на лековите

Дознајте се за лекувањето и терапијата со Реиши