, , ,

Дознајте се за лекувањето и терапијата со Реиши

 Делување на медицинската печурка Реиши како антиалергенс

Зголемувањето на алергените во атмосферата и намалување на имунитетот на човековиот организам,поради начинот на живеење и конзумирање на храна со намалена или без нутритивна вредност, доведува до разни алергиски реакции кои го попречуваат нормалното функционирање на  човекот.

Кога „страно тело“ или алерген ќе навлезе во нашиот организам, нашиот имунитет се активира и ослободува антитела со кои го напаѓа и исфрла алергенот. Во нормални околности, количината на антитела е пропорционална на големината на инфекцијата.

Кога нашиот ослабен и дебалансиран имунолошки систем е нападнат од некој алергенс, имунолошкиот систем произведува многу повеќе антитела отколку што реално се потребни, тие антитела, го напаѓаат и страното тело но и ткивата во нашето тело. Симптомите на алергија вклучуваат: чешање, кивање, отежнато дишење. Лековите за потиснување на алергиски реакции помагаат само за кратко и имаат многу несакани ефекти. За целосно отстранување на проблемот, потребно е да се отстрани иритирачката материја од организмот, но и вишокот антитела кои ги произвел нашиот организам. Анализите на крв од пациенти кои страдаат од алергии покажале дека во нивната крв има преголема количина на антитела.

За оваа состојба е одговорна несоодветната реакција на нашиот дисбалансиран имунитет. Хроничниот бронхит, бронхијална астма, дерматит, синусит, хепатит, нефрит итн. се најтешки за лечење. Тие се поврзани со алергии и најчесто се третираат со природен кортизон кој го произведува нашето тело. Ако нашето тело не произведува доволно кортизон,  се вметнува во организмот со кортизонски инјекции. Ако во телото се внесува премногу кортизон однадвор, ќе се намали функцијата на надбубрежната жлезда и во некои случаи ќе атрофира.

Реиши медицинскат габа содржи висока концентрација на ланостан ( LANOSTAN) кој ја смирува прекумерната активност на имунолошкиот систем, и го спречува да произведе прекумерна количина на антитела. Ја зајакнува и стимулира надбубрежната жлезда да го зголеми лачењето на хормони. Реиши медицинската габа  ја подобрува функцијата на надбубрежна жлезда, и со тоа ја нормализира состојба

Истраживме се за лекот на кралевите и кралот на лековите

Дознајте се за лекувањето и терапијата со Реиши